Одделот за јавно здравје во Калифорнија бара да се повлечат од пазарот вакцините против Ковид-19 на компанијата „Модерна“ поради, како што наведуваат, големиот број несакани ефекти.

Вакцините на „Модерна“ од серијата „041L20A“ предизвикуваат „повеќе несакани ефекти од вообичаеното“ и затоа треба да се отстранат од употреба додека не завршат сите тестовиСерија од вкупно 330.000 дози беа дадени на 287 добавувачи ширум Калифорнија и ова е првпат да се забележи алергиска реакција – изјави Ерика С. Пан, државен епидемиолог во Калифорнија.

Компанијата „Модерна“, центрите за контрола и превенција на болести и Американската администрација за храна и лекови на САД во моментов тестираат серија вакцини откако десетина луѓе претрпеле „можна сериозна алергиска реакција“.

Според податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, Калифорнија е најтешко погодена американска држава со околу три милиони заразени, од кои еден милион во Лос Анџелес и повеќе од 33.000 смртни случаи од Ковид-19.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.