Германија е една од првите земји која започна со вакцинацијата против корона.Досега се вакцинирани околу 500.000 граѓани од сите категории, но најмногу пензионери.

Проценките на германските власти се дека околу 70 проценти за неколку месеци ќе биде вакцинирано иако вакцинацијата нема да биде задолжителна освен за вработените во здравството и негата на стари лица.

Постапката на вакцинација е совршено организирано и се тече под конец. Во центарот за вакцина во Штутгарт владее совршен ред.

Целата процедура трае околу половина час и лицето најпрво се регистрира, па оди на советување за можните ризици. Потоа се вакцинира но се дозволува веднаш да го напушти објектот туку седи петнаесеттина минути  во просторија поради можни алергиски реакции.

Откако лекарите ќе се уверат дека се е во ред, лицето може да ја наушти просторијата со сертификат дека е вакциниран од Ковид-19.

Германија подготви список на мерки, вклучително и носење маски, ограничување на собирање луѓе на јавни места и брзо следење на контролата на ширење на заразата.

Според властите, тоа ќе овозможи животот повторно да се врати во нормала кога ќе се укинат карантинските мерки на 19 април. Мерките се утврдени во нацрт-акцискиот план подготвен од Министерството за внатрешни работи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.