Тројца морнари од Микронезија чиј брод се заглавил на  мал и далечен остров во западниот дел на Пацификот, биле спасени откако спасувачите ја забележале нивната  СОС-порака на плажа.

Потрагата по морнарите кои исчезнаа пред три дена ја започнаа властите во Гуам, бидејќи не ја завршиле пловидбата.

Бидејќи нивната СОС-порака на песочната плажа била забележана од воздухот, австралиски хеликоптер слетал и им дал храна и вода.

Морнарите се изгубиле  додека нивниот брод  долг седум метри останал без  гориво и го загубил курсот.

Сите морнарии беа пронајдени „во добра состојба“ без сериозни повреди, соопштија официјалните лица.

Микронезија се состои од околу 600 мали острови расфрлани низ западниот Пацифик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.