Во САД е регистриран нов неделен максимум на инциденти со огнено оружје. Во периодот од 17 до 23 јули имало 915 случаи на пукање во кои загинале 430 луѓе , а 1.007 биле повредени, реагира и организацијата „Gun Violence Archive“.

Статистичките податоци покажуваат драстично зголемување на ваквите инциденти во последниве години. Во 2020 година, 43.000 Американци загинаа од огнострелни рани. Оваа година, бројот на загинати достигна 23.000 од јануари, меѓу кои има и повеќе од 800 лица на возраст под 18 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.