Борбениот брод-болница „Комфорт“ пристигна во Њујорк каде бројот на смртни случаи поврзани со коронавирусот порасна на 1.218.

Бродот има 1.000 кревети наменет за лечење на пациенти кои не се инфицирани од коронавирусот, за да се ослободат местата на инфективната клиника во Њујорк, пренесува АП.

Освен овие кревети, „Комфорт“ има 12 операциски сали, 1.000 кревети, а посадата ја сочинуваат 1.200 болничари.

Њујорк се спрема за пикот на епидемијата од коронавирусот во април, а градските претставници се обидуваат да ги зголемат болничките капацитети 87.000 кревет.

Во Њујорк во моментот има 9.500 хоспитализирани пациенти од Ковид-19, а повеќе од 2.300 се на интензивна нега. Досега регистрирани се 66.000 потврдени случаи на коронавирусот во оваа сојузна американска држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.