Американската држава Колорадо во САД е зафатена од снежна бура во која се предизвикани и неколку верижни судири на автопатот I-25.
Снежниот циклон кој минатата недела ја погоди Колорадо предизвика замрзнување на патиштата и намалена видливост, па возачите се принудени да ја прилагодат брзината на движење. И покрај тоа, се случија неколку верижни судири.

Локалните пожарникари на Facebook објавија спасување на патници заробени во нивните автомобили по судирот, а во неколку сообраќајни незгоди учествуваа повеќе од стотина возила, камиони и патнички автомобили.

Тие објавија фотографии од местото на настанот, од два тешки верижни судири во кои учествуваа 30, односно 40 возила. Од оштетените возила се извлечени голем број повредени, но за среќа нема загинати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.