Ураганот Грејс денеска стигна во Мексико, па обилните врнежи од дожд и силен ветер ги погодија бреговите на Мексиканскиот Залив.Ветровите достигнаа брзина до 200 километри на час, а ураганот беше класифициран како трето ниво на скалата Сафир-Симпсон од еден до пет.
Невремето продолжува и денеска.
Ураганот го погоди брегот во близина на летувалиштето Токолутла во мексиканската држава Веракруз, но брзо ослабна додека одеше кон планинскиот пејзаж и до пладне стана тропска бура. Претставниците на цивилната заштита во Веракруз рекоа дека има прекин во електричната енергија, како и дека се соборени бројни дрвја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.