Украина гради армиран бетонски ѕид на границата со Белорусија, како и други утврдувања, соопшти денеска советникот на украинскиот претседател Кирило Тимошенко.

Тимошенко изјави дека во Волинската област на границата со Белорусија, која Украина ја гледа како закана, бил изграден ѕид од три километри и зајакнат со бодликава жица.

Тој додаде дека во близина на ѕидот има вреќи со песок и ровови, а објави и фотографии на кои се гледа како обезбедувањето ја одвиткува бодликавата жица во близина на ѕидот, кој изгледа е висок повеќе од два метри.

Тимошенко изјави дека се во тек и други работи во регионите Ровењска и Житомир, но не објасни за што се работи.

Границата на Украина со Белорусија е долга повеќе од 1.000 километри



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.