Чеченскиот лидер, Рамзан Кадиров, на својот канал на Телеграм саркастично го коментираше чудното однесување на американскиот претседател Џо Бајден.

Со такви пријатели и подредени, Бајден не мора да сака непријатели. Па, зошто вие работниците во Белата куќа не можете да му помогнете на вашиот претседател? Ако го видите Бајден како по вторпат поздравува духови или се обидува да се ракува со воздухот, ставете хуманоиден робот киборг или трениран мајмун – орангутан или шимпанзо. Да ја натера публиката да помисли дека токму тоа е замислено. Или ставете голема целосна фотографија од Зеленски. Или донесете жив Зеленски и ставете го до подиумот. Не грижете се за Зеленски, тој нема да го напушти ова место поради радоста од контактот со американската демократија.

 

Постојат многу опции. А, снимката на која претседателот тресе барем нешто опипливо ќе изгледа многу помалку смешно од Бајден, кој по втор пат го поздравува воздухот. Тој барем сега само ја подава раката, но што ќе се случи ако сака пријателски прегратки? Што ако каубојот замисли дека е на родео и треба да го јава бикот?

 

Ако се нарекувате административен персонал, тогаш треба да му помогнете, а не да седите и рамнодушно да гледате како шефот на државата боледува од синдром на деменција. Иако веќе имам чувство дека администрацијата на Белата куќа намерно го изложува претседателот во такво неласкаво светло. Вакви глупости се случуваат премногу често – пишува Кадиров, споделувајќи видео од Бајден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.