Јужноафриканска варијанта на коронавирусот е поуспешна во пробивањето на одбраната на вакцината „Фајзер“ отколку другите претходно познати варијанти, објавија израелски научници.

Студија на Универзитетот во Тел Авив и најголемиот израелски давател на здравствени услуги биле вклучени 400 невакцинирани лица заразени со коронавирус и 400 целосно или делумно вакцинирани лица, кои исто така се заразиле.

Резултатите од студијата покажале дека јужноафриканската варијанта е одговорна за помалку од еден процент од случаите на инфекција во Израел, но она што е факт е дека „меѓу луѓето кои биле целосно вакцинирани, но сепак биле заразени“, преваленцата на јужноафриканската варијанта била осум пати поголема отколку кај невакцинираните, покажува студијата.

Ова значи дека вакцината Фајзер/Бионтек, иако обезбедува висока заштита, сепак не обезбедува такво ниво на заштита од јужноафриканската варијанта B.1.351, се додава во студијата.

Еден од авторите на студијата, професорот Ади Стерн од универзитетот во Тел Авив, додава и дека варијантата од Јужна Африка е, до одреден степен, способна да ја пробие заштитата на вакцините.

Две студии откриваат дека нивото на антитела по вакцинирањето е помало кај луѓето кои биле изложени на јужноафриканската варијанта.

Израелската студија е прва што ја проценила можноста на јужноафриканската варијанта да го „заобиколи“ дејството на вакцината.

Ран Балицер, раководител на одделот за истражување на Клалит и еден од авторите на студијата, изјави за АФП дека резултатите можат да помогнат во информирањето на другите држави за тоа како најдобро да се ублажат ограничувањата.

Израел досега вакцинираше околу пет милиони луѓе или повеќе од половина од населението со две дози.

Балисер рече дека вакцинирањето, носењето маски и други мерки веројатно помогнале да се запре ширењето на јужноафриканската варијанта и покрај фактот што очигледно може да ја пробие одбраната на вакцината Фајзер.

Комбинацијата од овие три фактори, најверојатно, спречува варијанти на вируси, вклучително и оној од Јужна Африка, да се шират значително, заклучи тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.