Јужна Америка и Карибите од денеска се втор најпогоден регион во светот по смртни случаи од последици на новиот коронавирус, со над 144.000 починати лица.

Со 144.758 починати од последици од Ковид-19, Јужна Америка и Карибите ги надминаа смртните случаи во САД и во Канада, и регионот се наоѓа зад Европа, каде починаа 202.505 луѓе.

Дел од експертите истакнуваат дека најверојатно бројот на смртни случаи во Јужна Америка е многу поголем од официјалните бројки.

Бразил е најпогодена држава, во која починале 72.100 луѓе односно речиси половината од смртните случаи во Јужна Америка.

По Бразил следи Мексико со 35.006 починати, потоа Перу – 11.870 и Чиле – 6.979 смртни случаи.

Со повеќе од 3.370.000 починати, Јужна Америка е на второ место и по бројот на инфицирани е на второ место, зад САД и Канада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.