Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изјави дека на ирската граница ќе бидат воспоставени гранични контроли доколку Британија го напушти европскиот блок без договор.

Јункер за „Скај њуз“ изјави дека ЕУ мора да обезбеди зачувување на интересите на Европската унија и внатрешниот пазар, пренесе „АП“.

Мораме да ги чуваме здравјето и безбедноста на нашите граѓани“, рече тој.

Британија треба да ја напушти ЕУ на 31 октомври.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.