Претседателот на Европската комисија во заминување, Жан Клод Јункер предупреди дека Европа слабее демографски, економски и политички, како и дека самата мора да се бори против национализмот.

Чувај се Европо. И бори се против глупавиот и ограничен национализам. Да живее Европа, рече Јункер.

Тој во последниот говор пред ЕП во својство на шеф на Европската комисија, оцени дека најголем европски успех и најголем факт е дека во Европа е сочуван мирот.

Што е иднината на Европа? Ние сме најмал континент. Голем дел од Европејците тоа воошто не го знаат. Ние сме многу мали, како европски континент, рече Јункер.

Политиката, додаде тој, мора да се поврзе со демографијата и географијата.

Ние изумираме. Нема да исчезнеме, но ќе не има се помалку. На почетокот на 20. век Европејците беа 20 отсто од светската популација. На крајот на овој век ќе бидеме 4 отсто, предупреди Јункер и додаде дека Европа ќе ја загуби и економската моќ.

Со оглед на тоа, како што рече Јункер, се лаже оној кој мисли дека е дојдено време помалку да се зборува за европските, а повеќе за националните рамки.

Си заминувам од функцијата – не тажен, но не ниту претерано среќен. Заминувам со чувство дека чесно се трудев. Би било подобро кога сите чесно би се труделе, рече Јункер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.