Претседателот на Европската Комисија во заминување, Жан-Клод Јункер, успешно се опоравува по операцијата на аневризма и во текот на денот треба да го напушти одделот за интензивна нега.

Портпаролката на ЕК, Мина Андреева рече дека враќањето на Јункер на работа ќе зависи од брзината на закрепнување.

Јункер (64) на крајот од месецот ќе ја напушти функцијата, која потоа ќе ја преземе Урсула фон дер Лајен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.