Не постои веќе можност за преразгледување на договорот за излез на Велика Британија од ЕУ, изјави денеска пред Европарламентот во Стразбур претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер.

Тој истакна дека е изненаден од последните случувањата, а тоа се најавите на британската премиерка Тереза Меј дека ќе се обиде да ги предоговори условите.

На крајот од минатиот месец постигнавме договор со британската Влада. До вечер ќе разговарам со премиерката Меј – нагласи Јункер.

Тој изјави дека постигнатиот договор е најдобриот и единствено можен.

Нема простор за предоговарање, единствено постои можност за појаснување и толкување, но без преразгледување на текстот. Тоа треба да им биде јасно на сите – додаде претседателот на ЕК.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.