Поранешниот претседател на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, изјави дека Европската Унија, при набавка на вакцини против Ковид-19, била премногу претпазлива и многу се грижела за буџетот и дека сега треба да престане со „глупавата војна околу вакцините“ со Велика Британија.

Јункер, оценува дека Велика Британија ја спровела кампањата за вакцинација многу подобро од ЕУ и додаде дека тој „не е обожавател“ на идејата за забрана на извозот на вакцини.

Тоа сериозно ќе го наруши угледот на Европската Унија, која порано беше светски шампион во слободната трговија. Затоа тоа не е добар начин да се реши проблемот. Мислам дека мора да се повлечеме од оваа војна со вакцини. Мислам дека има простор за дијалог, за дискусии, за аргументиран разговор од двете страни на Каналот. Никој во Британија, никој во Европа не разбира што се случува, оваа глупава војна со вакцини … Ние не војуваме и не сме непријатели. Ние сме сојузници – изјави Јункер откако ЕУ најави дека ќе забрани извоз на вакцини во земји кои не одговараат на Европа со иста мерка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.