Торнадо ја погоди југоисточна Чешка, при што има жртви и голема материјална штета.

Според првичните податоци на противпожарната служба, повредени се речиси 150 луѓе.

Можам да потврдам дека има жртви, но засега не ја знаеме нивната точна бројка – информира Гедвига Кропачкова, портпарол на Обединетата спасувачка служба на Чешка.

Спасувачките екипи објавија дека вкупно седум населени места во регионот во близина на границата со Австрија, биле погодени од торнадото.

Сите расположливи спасувачки екипи се испратени да се справат со последиците од торнадото – изјави министерот за внатрешни работи Јан Хамачек.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.