Американската телевизија „Фокс њуз” ја нарече шведската активистка Грета Тунберг „ментално болно шведско дете“ додека водителка на телевизијата ја спореди со лик од хорор-филмот „Деца од пченката“.

Во својата емисија синоќа на „Фокс њуз“, Лора Инграм ја нападна Тунберг, споредувајќи ја со протагонистите од филмуваната хорор-приказна на Стивен Кинг во која деца на христијански фундаменталисти ги убиваат сите возрасни во сектата.

– Дали вам ова не ви предизвикува морници – праша Инграм покажувајќи сцена од филмот. Таа порача авторот на филмот следното продолжение да го нарече Деца од климата.

Тунберг синоќа настапи на климатскиот самит во ОН обвинувајќи ги лидерите на развиените земји за пасивност во однос на справувањето со последиците од климатските промени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.