Јапонските авиокомпании биле принудени да откажат 412 летови поради тајфунот „Тапа“ кој се приближува кој југозападниот остров Кјушу, а најмалку 5.000 станбени згради во префектурата Мијазаки останаа без струја поради искинати кабли, јави телевизијата НХК.

Сообраќајот на автопатиштата на тој остров се одвива отежнато.

На југозападот на Јапонија се очекува 300 до 350 милиметри врнежи по квадратен метар во текот на денот, а локалните власти предупредуваат на можноста од појава на свлечиште во планинските краишта.

Според временската прогноза, тропаската бура во која вчера се уништени 20 куќи на островот Окинава, вечерва ќе стигне до Кјушу.

„Тапа“ е 17-ти тајфун кој доаѓа до Јапонија од Тихиот Океан оваа година.

Претходно овој месец, три лица загинаа, а над 60 беа повредени во разорниот тајфун „Факсаи“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.