Јапонската Влада објави дека планира да испушти во морето повеќе од милион тони контаминирана вода од уништената нуклеарна централа Фукушима, една деценија по хаваријата.

Испуштањето вода во морето треба да почне за две години, а целиот процес ќе трае со децении.

Со инсистирање на строго почитување на регулаторните стандарди кои се утврдени, избравме да испуштаме вода во океанот – се вели во соопштението на јапонската Влада.

Како што пренесуваат странските агенции, оваа одлука на Јапонија сигурно ќе ги налути соседните земји.

Јужна Кореја веќе изрази „сериозна загриженост дека тоа ќе има директно и индиректно влијание врз безбедноста на луѓето и животната средина“, а Кина смета дека станува збор за многу неодговорен потег. Тајван исто така изрази незадоволство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.