Соработникот на поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе, Јошихиде Суга (71) победи на изборите за претседател на владејачката Либерално-демократска партија.

Со оваа победа Суга го добива правото да биде назначен за нов јапонски премиер.

Јапонскиот парламент треба да донесе одлука за избор на нов премиер оваа недела.

Суга, кој неколку години беше генерален секретар на јапонската влада, најави дека ќе го следи правецот на неговиот претходник кога станува збор за монетарната политика, државните трошоци и реформите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.