Јапонскиот нуклеарен регулатор одлучи да ја забрани работата на најголемата нуклеарна централа во земјата, поради сериозни безбедносни проблеми.

На компанијата „Токио Електрик Пауер – ТЕПКО“ (Tokyo Electric Power – TEPCO) и е забрането да снабдува и напојува гориво во реакторите во АЕЦ „Кашивазаки-Карива“ во префектурата Нигата.

ТЕПКО официјално призна дека безбедноста на централата не е на потребното ниво. Востановени се слаби места за неовластен пристап во 15 точки од март минатата година.

Пуштањето во употреба на комплексот со седум реактори за компанијата беше клучен столб во планот за реструктуирање на нејзиниот бизнис. Фабриката „Кашивазаки-Карива“ во минатото беше меѓу најголемите во светот според производството.

Сместена на брегот на Јапонското Море на островот Хоншу, атомската централа беше затворена за технички преглед по нуклеарната несреќа во АЕЦ „Фукушима 1“ во 2011 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.