Премиерот на Словенија Јанез Јанша рече дека е интересно да се слави победникот на претседателските избори во САД, а судовите сè уште не донеле одлука за жалбите.

Интересно. Поднесени се жалби во сите американски држави со тесен резултат. Судовите сè уште не почнале да одлучуваат. Сепак, главните американски медиуми (а не некое официјално тело) го прогласуваат победникот. Честитки пристигнуваат од сите страни. Тоа е владеење на правото, напиша Јанша на Твитер.

Јанша изминатава недела на социјалните мрежи му ја честиташе победата на Доналд Трамп, наведувајќи дека е „сосема јасно“ оти новиот мандат ќе му припадне на републиканскиот кандидат.

Претседателот на Словенија, Борут Пахор, вечерва му ја честиташе победата на Џо Бајден и изрази оптимизам во врска со идните односи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.