Педесет и двегодишниот Жељко Б, државјанин на Босна и Херцеговина, синоќа, на улица во Виена, ја застрелал во глава поранешната девојка, Виолета Ј.(48), која има српско потекло.

Како што пренесува австриски „Нaute“, Србинката е во кома и многу е веројатно никогаш да не се разбуди.

Според полицијата, мотовот за злосторството е љубомора бидејќи парот раскинал, а девојката имала ново момче. Виолета работела како келнерка во „Кафе Ребека“, каде нејзиниот поранешен се појавил, нарачал пијалок и според очевидците, бил смирен и не правел проблеми.

Но, кога нејзината смена завршила, околу 21 часот, Виолета го напуштила локалот, а тој ја следел. По кратка расправија на улицата, Жељко извадил пиштол и пукал во главата на жената, а потоа се самоубил.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.