Напаѓачот од Тексас, Салвадор Рамос, кој уби 19 деца и двајца возрасни објавил три текста на Фејсбук пред нападот. Според гувернерот на Тексас, Грег Абот,
во првиот текст, објавен 30 минути пред да отиде во училиштето, рекол дека ќе пука во својата баба. Во вториот напишал:

„Ја убив баба ми“.

Во третиот текст, кој го објавил само 15 минути пред нападот, го најавил својот крвав поход кон училиштето.

Според гувернерот Абот неговата баба иако е во критична состојба, го преживеала нападот од внукот.

Полицијата соопшти дека мртов е и 18-годишниот напаѓач Салвадор Рамос. Повеќе од 10 деца се повредени, а една жена и едно девојче се во критична состојба. Станува збор за училиште во кое посетуваат ученици до четврто одделение. Ги има околу петстотини и повеќето од нив се со шпанско потекло и лоша економска состојба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.