Еден маж ја убил својата девојка и пет члена на нејзиното семејство на роденденска забава, вознемирен бидејќи не бил поканет, соопштија официјални лица од американската сојузна држава Колорадо.

Според полицијата, 28-годишниот Теодоро Мацијас ја убил својата девојка Сандра Ибару-Перез (28) и уште пет други членови на нејзиното семејство, а потоа се самоубил.

Пукањето се случило во неделата во Кантербери паркот за приколки и кампери во Колорадо Спрингс. Забавата била организирана за тројца членови на семејството, од кои двајца се убиени.

Од полицијата соопштија дека Макијас имал „конфликт“ со семејството на неговата девојка една недела порано и бил многу љубоморен.

Приказната за овој ужасен чин е всушност приказна за семејно насилство, рече Винс Ниски од полицијата во Колорадо Спрингс.

Тој (Макијас) не беше поканет на семејниот собир, на што тој одговори со отворање оган, додаде Ниски.

Непосредно пред нападот, тројца тинејџери отишле кратко од забавата кај соседот за да земат нешто. Тие се вратиле по нападот, велат од полицијата.

На нападот присуствувале и три деца – на возраст од две, пет и 11 години, а полицијата вели дека тие не биле повредени.

Тие исто така наведуваат дека во приколката биле пронајдени 17 чаури.

Како што е наведено, напаѓачот бил „тивок“ и „сериозен“ човек, кој секогаш носел пиштол со себе.

Од полицијата тврдат дека напаѓачот немал дозвола за полуавтоматски пиштол.

Гувернерот на Колорадо, Џаред Полис жестоко го осуди ужасниот чин на насилство во неделата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.