Осудениот дански убиец, кој уби шведска новинарка за време на интервју во својата подморница и го фрли нејзиното распарчено тело во морето, денеска избега од затвор.

49-годишниот поранешен претприемач Питер Мадсен успеа да избега од затворот Херстедвестер, каде што издржува доживотна казна затвор за убиството на Ким Вол во 2017 година, но неговиот престој на слобода не траеше долго.

Данската полиција соопшти дека Мадсен е уапсен во 13:20 часот по повеќе од три часа бегство.

Медиумите пишуваат дека тој се заканувал со бомба, па на местото на настанот е и противексплозивна полициска екипа. Тој ѝ се заканил на полицијата со предмет сличен на пиштол.

Мадсен претходно бил изолиран затоа што имало сомневања дека ќе се обиде да избега.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.