Возач на автобус од јавниот градски превоз во Воронеж, Русија, е снимен како ѝ се заканува на жена која во автобусот одби да стави маска. Прво ја навредуваш и ѝ викаше, а потоа и ја исфрли од возилото.

Автобусот беше речиси празен и немаше многу патници да му се спротистават на прекумерната сила. Според последните информации, возачот подоцна бил суспендиран, а како оправдување за неговата постапка, тој рекол дека таа до испровоцирала употреби сила и импулсивно да реагира.

Напнатото однесување на возачите е поради воведените строги ковид-мерки во Русија, па сличен настан имаше и минатата недела, но овојпат еден од патниците претепа кондуктерка која уредно ги замоли патниците да ставаат маски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.