Главните извршни директори на „Фејсбук“, „Твитер“ и „Гугл“ ќе го бранат законот што ги штити интернет компаниите пред Сенатот во среда, тема што ги подели американските законодавци за начините да ја повикаат компанијата Биг Тек одговорна за тоа дека ја насочува содржината кон нивните платформи.

Се очекува тие да му кажат на комитетот со кој претседава републиканскиот сенатор Роџер Викер дека во Членот 230 од Законот за пристојност на комуникациите – кој ги штити компаниите од одговорност за содржината објавена од корисниците – е клучна за слободното изразување на Интернет, стои во документот во кој увид имал Ројтерс.

Џек Дорси од Твитер ќе го предупреди комитетот дека еродирањето на основата на Членот 230 може значително да го наруши начинот како луѓето комуницираат преку Интернет. Цукерберг, веројатно ќе ја поддржи промената на законот, но ќе предупреди дека технолошките платформи најверојатно ќе цензурираат повеќе за да избегнат правни ризици доколку се укине Членот 230.

Сослушувањето следува откако републиканскиот претседател Доналд Трамп во неколку наврати повика технолошките компании да одговараат за наводно задушување на конзервативните гласови.

Демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден исто така изрази поддршка за укинување на законот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.