Најмалку 13 полицајци беа убиени денеска од заседа во мексиканската држава Мичоакан, соопштија локалните власти.

Сојузното Министерство за јавна безбедност објави дека 14 полицајци се убиени, додека Министерството во таа сојузна држава соопшти за 13 убиени и тројца повредени.

Полицајците работеле во близина на градот Агуахе, кога вооружени цивили отвориле оган кон нив.

Сојузното Министерство за јавна безбедност преку Твитер соопшти дека ќе ги искористи сите средства за да ги пронајде извршителите на едно од најкрвавите злосторства од кога е на власт претседателот Андрес мануел Лопес Обрадор

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.