Центарот за глобален ангажман (ГЕЦ) при американскиот Стејт департмент објави извештај на 77 страници насловен „Столбовите на екосистемот на руската дезинформација и пропаганда“. Во извештајот се опишува како, наводно, работи и какви средства за комуникација користи руската пропаганда. 

Според ГЕЦ, петте столбови на руската пропаганда се следните: Официјални владини комуникации како Кремљ, МНР, официјалните владини налози во социјалните мрежи; меѓународиониот етер како државно финансираните медиуми чија цел се домашна и странска публика и меѓународните социо-културни институции; развој на прокси-ресурси како центри за јазици и распространување наративни информации; користење на социјалните мрежи како оружје; дезинформација во кибер просторот.  

Се истакнува дека сите пет столбови се координираат за создавање на мултиплициран ефект во медиумите. Се опишува како „прокси-ресурсите заемно дејствуваат еден со друг, го повишуваат нивото на штетни содржини и создаваат илузија на доверба“. 

Иако дезинформацијата на Русија претставува закана сама по себе, таа не останува незабалежана. Владата на САД, владите на нашите сојунзици и парнтери… нема да седат со скрстени раце додека Русија ги злоупотребува соверемените алатки за комуникација… Центарот ќе продалжи да ја разобличува дезинформацијата подготвена, очигледно од Русија и од други злонамерни субјекти – се вели во соопштението на Стејт департментот. 

За извештајот, на брифинг за новинарите, се обрати и државниот секретар Мајк Помпео, кој објави награда од 10 милиони долари за корисни информации за поединци и групи, раководени од странски држави, кои се обидуаат да се вмешат во американските избори. 

Американските власти ја обвинуваат Русија, дека, почнувајќи од 2016 година, постојано се меша во изборите во САД и поради тоа досега воведоа низа санкции против разни руски граѓани и компании.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.