Во извештај изработен од американското разузнување се наведува дека саудискиот принц Мухамед бин Салман го одобрил, а можеби и го нарачал убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во 2018 година.

Како што јавија светските агенции, според објавениот декласифициран документ на четири страници, принцот Салман сметал дека Кашоги претставува сериозна „закана за кралството“.

Новинарот Кашоги беше убиен на свиреп начин во генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.