Шведската хип-хоп ѕвезда, 19-годишниот рапер, Еинар, беше застрелан во Стокхолм, што ја вознемири јавноста во таа скандинавска земја, каде што расте бројот на оружените пресметки.

Убиството се случи по серијата напади, киднапирања и злосторства во изминативе години кои сведочат за порастот на насилството на малата сцена на шведскиот „гангста рап“ кој понекогаш е поврзан со мрежа на криминални банди.

Вистинско име на момчето е Нилс Курт Ерик Еинар Гренберг, кое веќе беше жртва на киднапирање во 2020 година. Тој беше погоден од неколку истрели пред зграда во станбениот кварт Хамарби Сјоестад.

Еинар починал од повредите набргу откако пристигнала брзата помош во инаку тивка населба во близина на центарот на главниот град, соопшти портпаролката на полицијата во Стокхолм, Тоу Хег.

Во тек е истрага за убиството, а полицијата ги испрашува сведоците за да се пронајде виновникот или виновниците.

Раперот кој пееше на шведски јазик беше најслушаниот пејач на Спотифај во Шведска во 2019 година, кога се прослави со песните „Katten and Trakten“ („Мачка во секторот“) и „Nu vi skiner“ („Сега кога блескаме“). Но, неговиот успех го следеа ривалството и конфликти со други домашни ѕвезди. Во многу од неговите песни, тој пееше за проблемите поврзани со малолетничката деликвенција, дрогата и оружјето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.