Израелски воени авиони денеска во Газа го погодија седиштето на Црвената полумесечина на Катар, членка на Меѓународната федерација на друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина, пренесува агенцијата Анадолија.

Седиштето на Црвената полумесечина на Катар е сериозно оштетено попладнево по бомбардирањето на деловна зграда во Газа”, објави катарската Црвена полумесечина на Твитер.

Според нивните податоци, во нападот биле убиени двајца Палестинци, вклучувајќи и едно дете, а десет лица се повредени.

Гаѓањето цивилните објекти е очигледно кршење на хуманитарното право”, оценуваат од оваа хуманитарна организација.

Тие додадоа дека ќе продолжат да „пружаат помош на загрозените лица во Појасот Газа во соработка со палестинската Црвена полумесечина”.

Палестинското Министерство за здравство во Газа соопшти дека бројот на Палестинци убиени во израелските напади од 10 мај е зголемен на 200, вклучувајќи 59 деца и 35 жени, а бројот на ранети се искачи на 1.307.

Меѓу ранетите има 46 лица во критична состојба, а од вкупниот број ранети во нападите, 398 се деца.

Палестинските групи во Газа продолжуваат со истрелување ракети како одговор на израелските напади. Десет лица во Израел загинаа во ракетите истрелани од Газа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.