Израел се соочи со највисок број на ракетни напади на своја територија за време на последното конфронтирање со палестинската исламистичка група Хамас, која ја контролира Газа, соопшти денеска армијата.

– Од понеделникот вооружените групи во Газа истрелаа околу 3.000 ракети кон Израел, надминувајќи го темпото за време на ескалацијата во 2019 година и за време на војната во 2006 година со либански Хезболах, изјави израелскиот генерал-мајор, Ори Гордин.

За време на ескалацијата во ноември 2019 година помеѓу армијата и групата Исламски џихад, во текот на три дена беа истрелани 570 ракети од Газа кон Израел.

И во војната во 2006 година со Хезболах, поддржан од Иран, вкупно 4.500 ракети беа истрелани кон Израел во текот на 19 дена, според податоците на Гордин.

На прашањето дали темпото од понеделникот е највисока стапка на ракетни напади на израелска територија, Гордин рече: „Не само што се согласувам, туку ова е и она што го презентирам“.

Ескалацијата што трае веќе една недела е предизвикана од немири во источниот дел на Ерусалим, присоединет од Израел, и според бројот на жртвите во густо населениот појас Газа се искачи на 181, и на 10 лица во Израел, според властите од двете страни

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.