Зграда во Газа, во која се наоѓаат канцелариите на Асошиејтед прес и Ал Џезира, се сруши денеска откако беше погодена од израелски ракети, пренесе Ројтерс.

Сопственикот на зградата бил предупреден однапред за претстојниот израелски ракетен напад, наведува агенцијата, а зградата била евакуирана.

Во зградата имало и станови и други канцеларии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.