По значителното намалување на бројот на новозаразени Израел ги укинува речиси сите ограничувања воведени за борба против ширењето на корона вирусот.

Според соопштението на Министерството за здравство, истекуваат регулативите во рамките на таканаречениот Зелен пасош. Тоа значи дека во иднина јавните институции ќе бидат отворени и за вакцинирани и за невакцинирани.

Повеќе нема да биде потребно да се презентира потврда за вакцинација. Сите ограничувања за влез на настани, во продавници и ресторани се укинати. Но, обврската за носење маски во затворен простор и натаму останува. Некои ограничувања, исто така, ќе продолжат да се применуваат при влез во Израел.

Земјата со девет милиони жители успешно спроведува кампања за вакцинација од 19 декември.

Новите инфекции и тешки форми на болеста драматично опаднаа во последните месеци. Во неделата, бројот на новозаразени со корона вирус падна на најниско ниво од почетокот на пандемијата. Потврдени се само четири случаи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.