Високиот израелски воен претставник, Ури Гордин, порачува дека Израел не сака војна со либански Хезболах, но е подготвен да се соочи со околу 2.000 проектили дневно од вооружената група, доколку избие конфликт.

Израелската армија во мај годинава водеше 11-дневна војна против палестинските вооружени групи во Појасот Газа, кои истрелаа околу 4.400 проектили кон еврејската држава. Израел вели дека неговиот одбранбен систем „Железна купола“, што се користи околу една деценија, пресретнал околу 90 проценти од ракетите насочени кон населени области, додека помалку од 300 погодиле населени места. Тогаш, началникот на Командата на Домашениот фронт, Ури Гордин, изјави дека градовите како Тел Авив и Ашдод доживеале „најголем оган кон нив во историјата на Израел“.

Цифрата ја надмина онаа што беше регистрирана во војната на Израел против Хезболах во 2006 година, кога сличен број ракети беа истрелани од Либан, но во текот на околу еден месец

Видовме темпо од повеќе од 400 ракети истрелани дневни кон Израел. Во случај на конфликт или војна со Хезболах, очекуваме повеќе од петпати поголем број ракети истрелани секој ден од Либан кон Израел. Во основа, то а би било меѓу 1.500 и 2.500 ракети истрелани дневно кон Израел – вели Гордин.

Командата на домашниот фронт на Гордин е формирана во 1992 година по првата војна во Заливот, и е задолжена за цивилна одбрана, што значи дека е одговорна за подготвување на земјата во случај на закана, конфликт или катастрофа. Единицата беше критикувана за одговорот на војната во 2006 година со Хезболах, во која загинаа повеќе од 1.200 Либанци, главно цивили и 160 Израелци, повеќето од нив војници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.