Сто и седумнаесетте дози на 100 жители инјектирани вакцини (прва или прва и втора доза) го прават Израел прв во светот на листата вакцинирани. Унгарија е лидер во Европската унија, а Србија на Балканот. Од друга страна, Македонија има употребено околу 13.000 вакцини, главно донации. Тоа се 6.500 дози на еден милион жители, Односно 0,65 дози на 100 жители.

Но, во секој случај, „Слушај го Венко“ трае со несмалена жестина. Што би рекол Гебелс кога се повлекувале од СССР: „нашите војници не бегаат, туку ја скратуваат линијата на фронот“. И, многу Германци верувале дека тоа е така.

Оваа табела, пак, е на вакцинирани по земји според процентот на население опфатено со вакцинацијата. Изнанадува нискиот процент на Русија, која иако има своја вакцина, вакцинирани помалку од 10 милиони луѓе (145 милиони жители) наспроти, на пример, САД кои имаат своја вакцина и се вакцинирани над 100 милиони лица или В. Британија со вакцинирани на 30 милиони лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.