Вчерашните ноќни воздушни напади на Газа биле меѓу најтешките досега. Израелската војска тврди дека гаѓала домови на лидери на Хамас. Оштетени се главни автопати и далноводи.

Министерството за здравство на Хамас вели дека во еден ден 200 луѓе биле убиени во израелските напади. Во соопштението се додава дека меѓу загинатите има 59 деца и 35 жени, а дека 1.305 лица биле повредени, пишува “Би-Би-Си”.

Израелската војска тврди дека во Газа убила повеќе од 130 милитанти. Десетина луѓе, вклучувајќи и две деца и еден војник, во Израел биле убиени од ракети кои во истиот период ги испукале палестинците борци.

Израел уште не завршил со нападите на Газа. Се укажува на тоа дека воените напади ќе продолжат некое време. Целта на Израел, тврдат службениците, е во расположливо време да уништат што поголема количина од инфраструктурата на Хамас, како и да убијат што повеќе членови на оваа организација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.