Израел ослободил повќе од една милијарда долари фондови задржани од Палестинските власти, неколку недели откако беа возобновени контактите меѓу двете страни.

Владата на Израел ги префрли сите финансиски средства што им припаѓаат на палестинските власти, во вредност од три милијарди и 768 милиони шекали – соопшти палестинскиот министер за цивилни работи, Хусеин ал-Шеик.

Во ове средсва спаѓаат даноци и царини што Еврејската држава ги собира во име на палестинските власти.

Во Мај, Палестинците ја прекинаа координацијата и односите со Израел, за што палестинскиот претседател, Махмуд Абас, дека е одговор на израелските планови за анектирање на делови од Западниот Брег. Со тоа Палестина престана да ги добива даночните средства од Израел.

Во меѓувреме Израел ги одложи тие планови во замена за договорот за нормализирање на односите со Обединетите Арапски Емирати, склучен во Август.

Претходно неделава, анонимен израелски функционер за АФП изјави дека „безбедносниот Кабинет одобрил префрлање на парите за Палестина“, без да наведе за која сума станува збор.

Во понеделникот, пак, палестинскиот премиер, Мохамед Штајех, истакна дека Палестинците имаат право на тие фондови, со кои треба да се олесни притисокот врз палестинската економија која е зафатена од сериозна буџетска криза.

Палестинците треба да добијат се што им следува. Тие со месеци беа трпеливи и за кратко оваа ситуација ќе биде расчистена – изхави Шајтех.

Без ускратените фондови, Палестина беше приморана да ги намалува платите на администрацијата во време кога економијата сериозно почна да да го чувствува влијанието на пандемијата на корона вирусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.