Кон Ерусалим, се испалени најмалку 45 ракетите од појасот Газа, во услови на растечки тензии меѓу Израелците и Палестинците.

Нема информации за повредени. Израелскиот парламент е евакуиран додека се огласија сирените.

Хамас, кој управува со Газа, се закани со напад откако стотици Палестинци денеска биле повредени во судирите со израелската полиција.

Последниве денови имаше насилство во градот што не е забележано со години.

Повеќе од 300 Палестинци биле повредени во судирите со израелската полиција пред џамијата Ал-Акса во источен Ерусалим.

Подоцна, се одржа марш на израелски националисти. Требало да поминат низ муслиманските области на Стариот град во Источен Ерусалим, но од страв од немири е пренасочен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.