Израел е меѓу земјите со најголем број на заразени со корона вирус. Владата затоа воведе нова блокада. Таа одлука наиде на отпор од населението, пишува Дојче веле.

Земјата беше во блокада и за време на Пасха, еврејски празник во април, кога сите прослави за празникот беа отсутни. Израелската влада сега по втор пат донесе одлука за забрана за движење – само неколку часа пред почетокот на еврејската Нова година.

Морам да ја оставам мојата 90-годишна мајка сама. Нема да можеме да одиме кај неа да ја дочекаме Новата година. Покрај неа ќе биде нејзиниот старател, а ние ќе останеме дома,  вели Јаел Тургеман.

Одлуката за повторно воведување на забрана за движење ја дели нацијата. Според новите правила, на Израелците им е дозволено да се оддалечат максимум еден километар од своите домови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.