Израел во вторникот објави дека ќе ги заостри јавноздравствените мерки поради зголемувањето на бројот на новозаразените со ковид-19.

Најновите мерки се воведуваат откако Израел во вторникот забележа речиси 4.000 нови дневни случаи, што е највисока бројка досега откако земјата почна да оди по нагорна линија минатиот месец, пренесува АП.

Новите мерки вклучуваат дозволување само на вакцинирани лица да присуствуваат на собири во затворен простор од 100 луѓе или повеќе, и барање маски за лице на надворешни настани со истиот капацитет, според АП.

Во вторникот израелското Министерство за здравство објави дека почнувајќи од 11 август, и вакцинираните и невакцинираните патници што доаѓаат во Израел од САД и 17 други земји, ќе треба да седат во двонеделен карантин, пренесува АП.

Израелските власти, исто така, забележаа дека може пак да воведат полициски час оваа есен, доколку се зголемат случаите, хоспитализациите и смртните случаи, објави Ерусалим пост.

Делта-епидемијата е крајно заразна и се шири низ целиот свет. Избегнувајте гужви и вакцинирајте се – веднаш. Во спротивно, нема да има друг избор освен да воведеме построги ограничувања, вклучително и полициски час“, рече премиерот Нафтали Бенет, според Ерусалим пост.

Минатата недела израелската влада објави дека ќе почне да применува трета доза вакцина кај лицата постари од 60 години.

Во јули, владини претставници објавија дека од 8 август, поединците што присуствуваат на социјални настани ќе треба да покажат доказ за вакцинација или да негативен тест за ковид-19.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.