На состанокот на безбедносниот кабинет на израелската влада е договорен прекин на огнот со палестинските милитанти во Појасот Газа.

На состанокот присуствуваle премиерот Бенјамин Нетанјаху и највисоките безбедносни претставници на земјата.

Би-Би-Си објави дека договорениот прекин на огнот ќе стапи на сила во 2 часот по локално време.

Израел го потврди примирјето, но не и договореното време. Во соопштението за медиумите се вели дека примирјето е предложено од Египет и ќе биде „меѓусебно и безусловно“.

Официјален Хамас потврди дека со Израел ќе се постигне „меѓусебно и истовремено“ примирје.

Египетскиот претседател Сиси испрати две безбедносни делегации, едната во Израел, а другата на окупираната палестинска територија. Таму тие ќе го следат одржувањето на примирјето, пренесува египетската државна телевизија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.