Четвртата доза на вакцина против Ковид-19 што ја примиле лица постари од 60 години ги прави трипати поотпорни на сериозен облик на болеста од луѓето кои примиле засилувачка доза, соопшти израелското Министерство за здравство.

Министерството додаде дека четвртата доза, или вториот бустер, двојно ја зголеми отпорноста на инфекција во истата возрасна група, во споредба со луѓето кои примиле три дози од вакцината.

Израел овој месец почна да ја дава четвртата доза од вакцината на Фајзер/Бајонтек на лица постари од 60 години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.