Еден сириски војник загинал, а тројца се ранети во израелски воздушен напад во областа Палмир.

Нападот, чија цел беше комуникациската кула, се случи во 23:34 часот по локално време, а предизвикана е и одредена материјална штета – се наведува во кратко соопштение на , објави сириското Министерство за одбрана.

Инцидентот доаѓа неколку дена откако сириската противвоздушна одбрана одговори на израелскиот напад врз воената база во централната провинција Хомс, во кој беа ранети шестмина војници, а беше причинета и материјална штета.

Израел изврши неколку напади во делови од Сирија во последните години, а Тел Авив потврди дека напаѓа бази на милиции поврзани со Иран, како што е либанскиот Хезболах, кој се бори на страната на силите на сирискиот претседател Башар Асад во граѓанската војна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.