Кај 14 поценти од заразените со коронавирусот во Кина била дијагностицирана болеста двапати, пишува реномираниот британски портал „Sun“, повикувајќи се на резултатите од истражувањето.

Како што наведува медиумот, пациентите за кои кинеските лекари биле сигурни дека целосно закрепнале од заразата, сега повторно се позитивни на опасната болест.

Во оваа држава, каде всушност и првпат се појави Ковид-19, регистрирани се нови 55 случаи, а според резултатите од истражувањето, кај 14 проценти од пациентите бил дијагностициран коронавирусот откако еднаш веќе им било кажано дека ја победиле болеста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.