Судот во Сао Паоло донесе пресуда според која бразилскиот претседател Жаир Болсонаро треба да ѝ плати отштета на новинарката Патриша Кампос Мело поради понижувачки изјави против неа.

Според пресудата, Болсонаро ќе треба да и плати 20.000 реали (околу 3.500 долари) на новинарката на бразилскиот дневен весник „Фоља Де С. Паоло“.

Во пресудата се наведува дека Болсонаро во февруари во 2020 година „ја оцрнил и и нанел морална штета“ на новинарката Мело со изјавата во која инсинуирал дека таа понудила секс за возврат на негативни информации за него. Поради таа изјава, Мело го тужеше Болсонаро, кој има право на жалба.

Мело го тужеше и синот на Болсонаро, Едуард, кој тврдеше дека „се обидела да го заведе“ со цел да добие негативни информации за неговиот татко.

Во јануари судот предуди во корист на Мело, а Едуард Болсонаро требаше да и плати 30.000 реали (околу 5.600 долари).

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.