Руската полиција уапси измамник кој изградил лажен граничен премин во близина на руско-финската граница за да измами мигранти на кои им е ветено дека може да ги прошверцува во Европската унија.

Руската гранична полиција вчера објави дека неименуван човек од областа на централна Азија подигнал лажен граничен премин во шума близу границата со Финска и на четворица јужноазиски мажи им наплатил повеќе од 10.000 евра, за да ги однесе во Финска, членка на Европската унија, но никогаш не планирал да го исполни своето ветување.

Измамникот инсталирал лажна ограда која требало да ја означува државната границата меѓу Русија и Финска и група економски илегални мигранти ги однел на обиколка на регионот Виборг со автомобил и пешки, а во еден момент од патот, „заради безбедност“ ги возел преку езерото во чамец на надувување.

Инцидентот се случи минатата недела. Сите петмина се приведени. Судот во Санкт Петербург ги казнил мигрантите и одредил нивна депортација, а организаторот на шверцот на мигранти може да биде обвинет за измама.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.